Индекс на активна транспарентност 2024 година

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2024 година изнесува 80% (од максимално можни 100%) и во однос на лани е подобрена за 4 про- центни поени (од 76% на 80%).
14.08.20242469

Редовно годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2024 година изнесува 80 % (од максимално можни 100 %) и во однос на лани е подобрена за 4 процентни поени (од 76 % на 80 %).

Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 86 %, а на општините 79 %. Во однос на лани, кај министерствата нема напредок, а општините се подобриле за 5 процентни поени.

Од владините институции, максималните 100 % активна транспарентност годинава ги задржа само Министерството за одбрана, кое четврта година по ред ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност. Владата падна од ланското прво место и 100 % на 40 место со 87 % активна транспарентност.

За прв пат годинава, дури пет општини, Берово, Битола, Валандово, Кавадарци и Кичево остварија 100 % активна транспарентност.

Истражувањето можете да го прочитате на македонски и англиски јазик.

   

Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.