Истражување и база на податоци на пресметаниот и наплатениот данок на имот на општините 2017-2019 година

Општините просечно наплатуваат по 81 % од пресметаниот данок на имот, половина од парите од данок на имот се прибираат од Скопје
08.03.20212656

Општините наплатуваат годишно данок на имот од граѓаните и од фирмите по 1,3 милијарди денари или 21 милион евра. Ова е просек за 2017, 2018 и 2019 година. Просечниот процент на наплата на данокот на имот во овие години изнесувал 81 %.

Значително поголем дел од наплатениот данок, односно 70 % доаѓа од граѓаните, а останатиот дел од 30 % се наплаќа од фирмите. Односно, од граѓаните, годишно, за данок на имот се прибираат просечно по 910 милиони денари, односно 14,8 милиони евра. Наспроти ова, од правните лица се прибираат по 382 милиони денари, односно 6,2 милиони евра.

Успешноста во наплатата на данокот на имот е повисока кај граѓаните, отколку кај фирмите. Поконкретно, во периодот од 2017 до 2019 година, наплатата кај граѓаните просечно изнесува 85 %, а кај правните лица 78 %.

Трендот во наплатата на данокот на имот во периодот 2017-2019 година е позитивен, односно приходите од данокот се во постојан раст, со тоа што порастот во 2018 година изнесува 12,5 %, а во 2019 година е помал, и изнесува 2,5 %.

База на податоци за пресметани и наплатени даноци на имот за периодот 2017 – 2019 година

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој истражување е овозможено со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот за граѓанско учество.