Во земјава речиси не постојат т.н. зелени или одржливи набавки, иако поминаа повеќе од три години од примената на новиот Закон за јавните набавки (усогласен со последните директиви на ЕУ), којшто сугерира да се води сметка за влијанието на набавките врз животната средина.
Владата и нејзините институции не ги почитуваат препораките и заклучоците донесени на владините седници во насока на примена на мерки кои треба да овозможат позитивно влијание врз животната средина преку јавните набавки.
Воочено е целосно непочитување на начелото на спречување на т.н. нелојална зелена конкуренција. И покрај донесениот заклучок на Владата во декември 2019 година, во ниту еден тендер на Владата и на министерствата спроведени во 2021 и во 2022 година не се барало од понудувачите да ги спроведуваат обврските за проширена одговорност на производителот во однос на управувањето со отпад (ПОП).
Повеќе за истражувањето може да прочитате на македонски и англиски јазик.



