Извештај од мониторингот на јавните набавки на локално ниво бр. 4

Цените на тендерите – растечки проблем во јавните набавки.
17.10.20147909

Откако најниската цена се воведе како единствен критериум за доделување на јавните набавки, а електронската аукција е задолжителна за сите тендери, бројни се примерите на тендери во кои се постигнуваат толку ниски цени што едноставно е неверојатно дека фирмата што го добила тендерот ќе го реализира целосно, со бараниот квалитет и количини како што е наведено во договорот. Оттука и барањата на самите договорни органи да се размисли за воведување на заштитен механизам од многу ниските цени со кои се загрозува квалитетот на набавката.

Транспарентноста и натаму е еден од главните проблеми во јавните набавки во земјава. Има државни институции кои не ги објавуваат или ги објавуваат со задоцнување податоците за тендерите, за чиешто објавување се обврзани со Законот за јавните набавки, како и такви кои не ги доставуваат податоците како одговор на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер на што, пак, се обврзани според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Од друга страна, на прстите од едната рака се бројат институциите кои самостојно и доброволно чувствуваат потреба за отчетност и транспарентност и податоците за трошењето на јавните пари ги прават и на друг начин достапни до оние чиишто пари, всушност, ги трошат – граѓаните.

Само неколку месеци пред стапувањето на сила на законските одредби со кои објавувањето на тендерската документација стана задолжително, а поставувањето услови за учество на тендерите – отежнато и казниво, во 45% од мониторираните тендери не се објавила тендерската документација, а во дури 60% се поставени високи услови за учество на фирмите на тендерот.

Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој извештај е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.