Извештај од мониторингот на јавните набавки на локално ниво бр. 6

Јавните набавки на општините во 2013 година од 2 до 276 евра по жител.
16.03.20158049

Истражувањето ги покажа следниве клучни наоди:

-80-те општини во земјава, без Град Скопје, вкупно во 2013 година, преку јавни набавки потрошиле 6,2 милијарди денари, односно 101,3 милиони евра.

-Најмногу пари за јавни набавки во 2013 година потрошила Општина Аеродром, и тоа околу 628 милиони денари, односно 10,2 милиони евра, додека, пак, најмалку Општина Центар Жупа, чијашто годишна вредност на јавните набавки е 1,1 милион денари, односно 19 илјади евра.

-Во 2013 година е регистриран пад на јавните набавки на општините во однос на претходната година за 38 милиони евра, односно за 27%.

-Општините во 2013 година трошеле за јавни набавки од 2 до 276 евра по жител. Гледано по жител, општинските разлики во 2013 година се поблаги во однос на 2012 година, кога се движеа од 2 до 412 евра.

-Општина Центар го загуби приматот од претходната година, кога беше апсолутен победник и во вкупната вредноста на јавните набавки и во рангирањето на трошоците за јавни набавки по жител.

-Уделот на јавните набавки во буџетите на општините во 2013 година се движи од 1,8% до 77,7%. Констатираните разлики и во однос на овој параметар повторно упатуваат на голема несразмерност во општините.

-Исклучително мали суми на јавни набавки по жител, но и како удел во буџетите, трошат и две големи општини, Тетово (8 евра по жител) и Куманово (7 евра по жител).

Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Проектот на УСАИД за граѓанско општество е спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.