Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (Издание бр. 2)

Доверливи договори, незаконски авансни плаќања и спорна реализација
11.06.202692

Анализирани се конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна. Овие случаи се издвојуваат преку анализа на наодите од црвените знаменца кои ги применува Бирото за јавни набавки, преку истражувања кои почиваат на јавно достапните информации, како и преку консултации со граѓаните. Издвојуваме дел од клучните наоди од 3 анализирани тендери:

  1. Набавка на пасоши, лични карти и возачки дозволи:
    За 5 години граѓаните платиле 73 милиони евра за лични документи врз основа на тендер стар 21 година и договори кои се „доверливи“.
  • Изработката на пасоши, лични карти и возачки дозволи во последните пет години го чинело МВР 29 милиони евра, а за добивање на овие документи граѓаните платиле 73 милиони, односно 44 милиони евра повеќе.

2. Тендер на МНР за закуп на авиони: Летовите за евакуација на граѓаните од Блискиот Исток во вредност од 1 милион евра, плаќани однапред, над законскиот лимит.

  • Евакуациските летови од Дубаи и Ријад во март 2026 година се платени авансно, што е спротивно на Законот за јавните набавки, кој предвидува дека максималниот износ на авансот може да изнесува до 20 % од вредноста на договорот.
  1. Тендер на Општина Чаир: Училишниот базен во Чаир вреден 890 илјади евра – 6 месеци беше завршен само на хартија.
  • Иако Општина Чаир на 21 ноември 2025 година до Електронскиот систем за јавни набавки доставила известување дека договорот за изградба на затворен базен во О.У. „Исмаил Ќемали” е 100 % реализиран, објектот беше свечено промовиран дури по шест месеци.

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

     

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Јавен надзор над јавните набавки“, со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.