Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините

Целта на оваа анализа е да ги мапира ризиците од корупција во јавните набавки низ сите фази во кои тие се спроведуваат, односно низ планирањето на набавките, спроведувањето на постапките за јавни набавки и реализацијата на склучените договори.
06.10.20202062

Предмет на анализа се јавните набавки на акционерските друштва и на јавните претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Овие 37 претпријатија1 во текот на 2019 година склучиле 3.342 договори за јавни набавки, во вкупна вредност од 15,2 милијарди денари, односно 247 милиони евра. За значајноста на прашањето за јавните набавки токму на овие договорни органи говори податокот дека годишната вредност на нивните набавки во вкупните набавки на Република Северна Македонија во 2019 година изнесува високи 27 %.

Целта на оваа анализа е да ги мапира ризиците од корупција во јавните набавки низ сите фази во кои тие се спроведуваат, односно низ планирањето на набавките, спроведувањето на постапките за јавни набавки и реализацијата на склучените договори. Анализата е изготвена врз основа на детален скрининг на 103 постапки за јавни набавки и дополнителна проверка на цените што се постигнати во набавките на дополнителни 64 тендери спроведени од страна на овие акционерски друштва и јавни претпријатија, за изготвување на индексот на рационалност.

Истражувањето можете да го прочитате на македонски, албански и англиски јазик.

     

Истражувањето Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините  е изработено во рамките на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации, во периодот од 1 октомври 2019 година до 30 септември 2021 година.