Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија 2009

Медиумите се моќно оружје во борбата против корупцијата насекаде низ светот. Тие имаат доминантно влијание во креирањето на перцепцијата за корупцијата во општеството и за односот на носителите на власта кон корупцијата – дали ја толерираат или се борат против неа.
03.03.20127740

Корупцијата е еден од клучните проблеми на Македонија, кој го поткопува владеењето на правото, ја намалува ефикасноста на јавната администрација и ја намалува довербата на граѓаните во институциите. На распространетоста на корупцијата во земјава и на сè уште неефикасната борба против неа укажуваат низа извештаи и оценки на релевантни меѓународни институции и организации (Извештај на ЕК за напредокот на РМ (2008), Годишен извештај на Стејт департментот на САД за почитувањето на човековите права во РМ (2008), Индикаторите за владеење на Светската банка (2009) и др.).

Медиумите се моќно оружје во борбата против корупцијата насекаде низ светот. Тие имаат доминантно влијание во креирањето на перцепцијата за корупцијата во општеството и за односот на носителите на власта кон корупцијата – дали ја толерираат или се борат против неа.

Преку професионалното и квалитетно известување за корупцијата, медиумите придонесуваат кон зголемување на притисокот на јавноста врз носителите на јавно доверената моќ за транспарентност, отчетност и одговорност, кон зголемување на свесноста за штетноста на корупцијата и на притисокот врз надлежните институции со цел да преземаат мерки за разрешување на корупциските случаи.

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Ова истражување е овозможено со поддршка од Институт за трајни заедници (ИТЗ) преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).