Центарот за граѓански комуникации, од своето формирање во 2005 година до денес, останува посветен на заложбите за јакнење на улогата на медиумите како моќно оружје во борбата против корупцијата. Значаен дел од тие заложби е насочен кон постојано унапредување на професионалните новинарски стандарди во известувањето за корупцијата. Центарот за граѓански комуникации ја остварува oваа своја мисија главно преку периодичен мониторинг на начинот на кој македонските медиуми известуваат за корупцијата, како и преку обуки за новинари за подобрување на нивните знаења и вештини за истражување и известување за корупцијата.
Со професионално и квалитетно известување за корупцијата, медиумите придонесуваат кон зголемување на притисокот на јавноста врз носителите на јавно доверената моќ за транспарентност, отчетност и одговорност, кон зголемување на свеста за штетноста на корупцијата и на притисокот врз надлежните институции да преземаат мерки за разрешување на корупциските случаи.
Бидејќи станува збор за нискоризична и високоисплатлива активност во која учесниците имаат заемен интерес да молчат за делото – корупцијата многу полесно се одвива и се шири отколку што се открива и докажува. Ова, пак, ја наметнува потребата новинарите да бидат упорни и темелни во истражувањето на корупциските случаи. Истражувачкото новинарство не е лесна работа. Тоа бара знаење, посветеност, пожртвуваност, но и време и други ресурси. За него се потребни поволни услови во општеството, но и разбирање, волја и капацитет кај медиумските сопственици.
Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.


