Отсуството на надзор како генератор на корупцијата во државните претпријатија

Целта на овој документ е да направи проценка дали и во кој обем јавноста и надлежните институции ја следат работата на државните претпријатија во земјата. Притоа, фокусот ќе биде ставен на два значајни аспекти од надзорот.
20.08.2019126

Како чувари на јавните средства, државните претпријатија наместо да бидат пример за интегритет и транспарентност најчесто се одликуваат со слаби системи за управување и неефикасност и со високи ризици од корупција.

Од 100 најголеми компании во светот дури 22 се државни. Во земјава пак од најголемите 100 претпријатија 4 се во целосна сопственост на државата, а во најголемите 200 се наоѓаат 12 претпријатија во сопственост на државата, притоа се мисли и на оние основани од централна и од локалната власт.

Вкупно во земјата има 142 претпријатија во државна сопственост, нивни основачи се доминантно Владата и единиците за локална самоуправа, а Собранието се јавува како основач само на јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радиотелевизија. Овие претпријатија имаат правен статус на јавни претпријатија или акционерски друштва. Но, иако дел од претпријатијата имаат статус на акционерски друштва тоа не значи дека тие котираат на берзата, ниту дека некој тргува со нивните акции2 , едноставно овој правен статус со кој работата согласно Законот за трговски друштва им овозможува вешто заобиколување на низа обврски кои ги имаат претпријатијата основани согласно Законот за јавни претпријатија. Имено, Законот за јавни претпријатија многу попрецизно ја регулира обврската за транспарентност и отчетност на претпријатија.

Повеќе за анализата можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.