Предлози за подобрување на правната и на институционалната рамка, како и на практиката на спроведувањето на јавните набавки во Македонија

Значењето на јавните набавки е особено изразено во малите земји, како што е Македонија, бидејќи во овие земји тие се значаен дел од потенцијалите за водење бизнис. Оттука е важно набавките на државата да бидат фер, транспарентни и предвидливи.
12.04.20178794

Јавните набавки во Македонија се регулирани со Законот за јавните набавки, којшто беше донесен во 2007 година, а почна да се применува во 2008 година, изработен според тогашните директиви на Европската Унија. Оттогаш наваму законот претрпе десетина значајни измени, кои имаа различно дејство врз обезбедувањето на основните принципи на јавните набавки – конкуренција меѓу понудувачите и нивни еднаков третман и недискриминација, транспарентност и интегритет во процесот на доделувањето договори за јавни набавки и рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделувањето договори за јавни набавки.

По серијата законски измени без пошироки јавни консултации и по воведувањето неколку решенија кои се единствени за Македонија, се чини дека поставеноста на правната и на институционалната рамка на јавните набавки е несоодветна за нивно ефикасно и целисходно спроведување. Измените ја оддалечија законската регулатива во оваа сфера и од досега важечките и од новите директиви на ЕУ за јавни набавки.

Оттука, потребни се темелни промени во оваа сфера како во насока на усогласување со европското законодавство, така и на создавање услови за остварување на основните принципи на јавните набавки.

Значењето на јавните набавки е особено изразено во малите земји, како што е Македонија, бидејќи во овие земји тие се значаен дел од потенцијалите за водење бизнис. Оттука е важно набавките на државата да бидат фер, транспарентни и предвидливи.

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Оваа публикација е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).