Прирачник за новинари за пристап до информации од јавен карактер (Legal Leaks Toolkit)

Овој прирачник е наменет за новинари кои работат во кој било медиум – весници, радио и телевизија – како и за блогерите и други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информациите кои ги поседуваат јавните институции.
17.11.20126970

Прирачникот е наменет за новинари кои поднесуваат барања во Република Македонија или кои размислуваат да поднесат барање во друга земја. Тој се заснова врз споредбена анализа на законите за пристап до информации во регионот кој го покрива Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во која членуваат 56 земји-учеснички од Европа, централна Азија и Северна Америка; од нив, 45 имаат законски одредби за правото за пристап до информации со кои располагаат јавните институции, а законот на Косово исто така се анализира. Целосен список на закони според датумот на усвојување може да се најде во Анекс А.

Повеќето од овие закони за пристап до информации се во согласност со меѓународните стандарди, но постојат и исклучоци и во текстот ги наведуваме случаите во кои националните закони или практики отстапуваат од стандардите. Повеќе информации за националните законски рамки се дадени во Анекс Б.

Повеќе за прирачникот можете да прочитате на македонски и албански јазик.

  

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој прирачник е изготвен со финансиска поддршка на Европската Унија.