Прв квартален извештај за јавните набавки во 2013 година

Секој четврти договор за јавна набавка во мониторираниот примерок е склучен преку тендер во кои учествувала само една фирма. Отсуството на натпревар на фирмите значи и отсуство на гаранција дека потрошените пари се дадени за квалитетни производи или услуги по поволни, односно конкурентни цени.
30.08.20138394

Некои од клучните наоди се:

  • Македонија останува една од ретките земји која во својот Закон за јавни набавки нема предвидено санкции за прекршувања на одредбите од Законот и покрај констатираните бројни случаи на вакви прекршувања – компаративната анализа на македонското законодавство со 8 земји од Европа.
  • Секој четврти договор за јавна набавка во мониторираниот примерок е склучен преку тендер во кои учествувала само една фирма. Отсуството на натпревар на фирмите значи и отсуство на гаранција дека потрошените пари се дадени за квалитетни производи или услуги по поволни, односно конкурентни цени.
  • Оспорено е правото на фирмите да го докажуваат претходнотото искуство во работењето преку меѓусебно здружување. Државната комисија за жалби по јавни набавки оценува дека фирмите можат да ги здружат капацитет за докажување на способност за реализација на идната набавка, но не и за докажување на претходно искуство. Поради ова постои ризик од уште поголема концентрација на јавни набавки кај мала група на големи компании.
  • Поништувањeтo на тендерите е на исклучително високо ниво од дури 26,6%.
  • Вредноста на договорите склучени преку постапка со преговарање без објавување оглас во првиот квартал од 2013 година изнесува 11 милиони евра.

Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

       

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој извештај е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.