Рангирање на институциите според антикорупциските перформанси во јавните набавки

Вредноста на јавните набавки во Република Северна Македонија учествува во Буџетот на државата со 24%, а во бруто домашниот производ со 8 %. Јавните набавки, чија вредност на годишно ниво надминува 1 милијарда евра, се особено подложни на корупција.
03.07.2024195

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави рангирањето на Владата, министерствата и општините според 32 индикатори за антикорупциските перформанси во јавните набавки. Институциите се сместени во три зони – црвена, жолта и зелена зависно од освоените поени за начинот на којшто ги спроведуваат јавните набавки. 100 % значи максимална, а 0 % никаква заштита од корупција. 4 министерства и 43 општини се наоѓаат во црвената зона, односно нивните јавни набавки се спроведуваат со ниско ниво на заштита од корупцијата бидејќи имаат освено помалку од 50 %. Ниту една институција не се наоѓа во зелената зона, на висока заштита од корупција, со остварување на антикорупциските перформанси од над 80 %.

Најголема изложеност на корупција имаат Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Кај општините, најниско ниво на остварување на антикорупциските перформанси во јавните набавки е утврденo кај Кратово и Гостивар. Во црвената зона е и Градот Скопје, како и 40 други општини.

Повеќе за истражувањето може да прочитате на македонски, албански и англиски јазик.

       

Рангирањето е изработено во рамките на програмата „Граѓаните против корупцијата“, поддржана од УСАИД. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.