Транспарентност, отчетност и интегритет на институциите во јавните набавки – 2018 година

Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведувањето на јавните набавки - 2018.
06.02.20191991

Клучни наоди:

  • Просечното ниво на исполнување на критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во целиот циклус на јавните набавки кај министерствата, владините секретаријати и Собранието на РМ е 53,6% (од максимално можни 100%) и во однос на лани (51,7%) има само мало подобрување.
  • Најдобро рангирани се оние институции што трошат најмалку пари.
  • Ниту една институција нема методологија, упатство или сл. документ врз чија основа се пресметува проценетата вредност на набавките.
  • Реализацијата на плановите за јавни набавки е влошена. Просечниот процент на реализација на плановите за 2017 година е 62%, наспроти 65% за претходната година. На ниво на институции, најниската реализација на планот изнесува 21%, а највисоката 87%.
  • Само две институции ги објавуваат на своите веб-страници огласите за јавните набавки, известувањата за склучените договори, како и самите договори и нивните анекси, додека ниту една не објавила известување за реализиран договор за јавни набавки.
  • Расте бројот на тендери со поразумни рокови за прибирање понуди од законски минималните.
  • И годинава, просечниот број понуди кај анализираните институции од 3,09 е понизок од националниот просек (3,33).
  • На дури една третина од набавките имало само една понуда.
  • Просечниот најголем удел на еден понудувач во вкупните тендери на една институција изнесува 25%, исто како и претходната година. Само кај две институции овој удел е повисок од 40%, што се смета како праг за концентрација.
  • Речиси една третина од тендерските документации на анализираните институции содржат дискриминаторски елементи што можат да ја ограничат конкуренцијата.

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на македонски и англиски јазик

   

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Оваа публикација е изработена со финансиска поддршка од Европската Унија.