Секоја година, во државата се трошат на јавни набавки просечно по околу 80 милијарди денари, што е околу 1 милијарда и 300 милиони евра. Се набавуваат производи и услуги или се изведуваат градежни работи со јавни пари кои се собрани од сите нас – граѓаните преку плаќање даноци, придонеси, такси и сл.
Како да ги препознаете триковите што се прават за да се ’намести‘ еден тендер, односно да се „даде“ на пријателска фирма? Како и каде да пријавите корупција и како да добиете повеќе информации за некој тендер? Прочитајте повеќе во Водичот за граѓани за надзор над јавните набавки.
Истражувањето можете да го прочитате на македонски и албански јазик.



