Втор квартален извештај за јавните набавки во 2009 година

Широкиот простор на договорните органи во одредувањето на критериумите за избор на најповолна понуда остава можност за субјективност и злоупотреба.
20.02.20095820

Некои од клучните наоди се:

Висок процент на поништени постапки за јавни набавки. Дури 15% од постапките за јавни набавки кои беа предмет на мониторингот се поништени со одлука на договорните органи. Овој висок процент на поништување е загрижувачки ако се има предвид дека тоа може да послужи како законски оправдан аргумент за примена на постапката за преговарање без објавување на оглас.

Широкиот простор на договорните органи во одредувањето на критериумите за избор на најповолна понуда остава можност за субјективност и злоупотреба. Во наодите од мониторингот се потврдува ризикот – договорните органи, преку дефинирање на критериумите за избор на најповолна понуда, да фаворизираат одредена фирма овозможувајќи и предност преку поголемо бодирање на цената или квалитетот.

Одолговлекување на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда и до 100 дена. Кај 17,5% од анализираните постапки за јавни набавки одлуката за избор на најповолна понуда не е донесена ниту по изминати 100 дена од денот на отворање на понудите. Самите договорни органи креираат амбиент на временско одолговлекување на постапките за јавните набавки.

Тендерската документација понекогаш се користи како начин за манипулација во постапките за јавни набавки. Последица од лошо или тенденциозно дефинирана тендерска документација е предвремено откажување на економските оператори од учество во постапките со што се намалува конкуренцијата и поскапуваат јавните набавки.

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.