Зимско одржување на улици и патишта 2021-22 година

Тендери за зимско одржување на улици и патишта имале 36 општини и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија, државното јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје, АД Електрани и Министерството за внатрешни работи.
24.01.20221824

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците и патиштата во зимски услови за сезоната 2021-2022 година во вредност од половина милијарда денари (8 милиони евра).

Како и претходните години, така и оваа, најмногу пари за оваа намена ќе потроши Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – 317 милиони денари, односно  5,2 милиони евра што е 65 % од вредноста на вкупните договори за зимско одржување во земјава.

Градот Скопје и уште девет други скопски општини сезонава за зимско чистење на улиците и за сол заедно ќе потрошат околу 1,4 милиони евра.

Од другите општини, најмногу пари за зимско одржување планираат да потрошат Прилеп, Куманово и Струга. Прилеп – 195 илјади евра, Куманово 146 илјади евра и Струга 98 илјади евра.

Конкуренцијата на тендерите за зимско одржување е исклучително ниска, просечно по 1,7 понуди по тендер, а повеќе од половина од тендерите биле само со една понуда.

Повеќе за истражувањето прочитајте на следниот линк.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.