Истражување за јавните набавки на општините во 2024 година
ОПШТИНИТЕ ЛАНИ ПОТРОШИЛЕ РЕКОРДНИ 190 МИЛИОНИ ЕВРА НА ТЕНДЕРИ, ГРАД СКОПЈЕ ЗА ПРВПАТ НЕ ПРВ НА ЛИСТАТА
Денес, 11 август 2025 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година.
Истражувањето открива дека:
- Во 80-те општини и Градот Скопје во 2024 година склучиле вкупно 4.006 договори за јавни набавки во вредност од 11,7 милијарди денари, односно 190 милиони евра.
- Само во 2024 година, вредноста на општинските тендери пораснала за 16 проценти, односно за 26 милиони евра.
- Најголем скок во вредноста на тендерите имаат скопските општини Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода.
- Град Скопје за прв пат го загуби приматот и со годишен пад на вредноста на тендерите од 11,5 милиони евра, се наоѓа на шестото место.
- Општините склучиле договори за јавни набавки со 1.210 фирми.
- Дури една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми.
- На врвот според вкупната вредност на договорите е ЕДС (Енерџи деливери солушнс) со вредност на договорите од 500 милиони денари, односно околу 8 милиони евра.
- Општините трошат на јавни набавки просечно по 28 % од своите буџети.
- Најголема вредност на набавки по жител има Дојран, 675 евра, а најмала Градот Скопје, само 14 евра.
Сите податоци за јавните набавки по општини, фирми и години од 2015 година наваму се наоѓаат на Базата на податоци за јавните набавки на општините. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .