40 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јули-декември 2023)

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години. Во 2023 година, склучени се договори за јавни набавки во вредност од 92 милијарди денари, односно околу 1,5 милијарда евра, што е 35 % повеќе од претходната година.
30.09.20241007

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години. Во 2023 година, склучени се договори за јавни набавки во вредност од 92 милијарди денари, односно околу 1,5 милијарда евра, што е 35 % повеќе од претходната година. Зголемената вредност на набавките е проследена со влошување на конкуренцијата на тендерите. Просечниот број понуди по тендер изнесува 2,7. Во една третина од тендерите е добиена само по една понуда. Отсуството на конкуренција е последица на фаворизирачки тендерски документации и загубена доверба на бизнис-секторот во фер натпревар. Оваа состојба го зголемува ризикот дека со тендерските постапки не е добиена најдобрата вредност за потрошените пари.

Зголемен е бројот на тендерски постапки во коишто е добиена една понуда со цена која е идентична со проценетата вредност на тендерот. Совпаѓањето на вредностите е симптоматично затоа што процената вредност на овие тендери не била јавно објавена и таа е наведена само во одлуките за јавни набавки, коишто не се јавно достапни документи.

Извештајот можете да го прочитате на македонски и англиски јазик.