Дваесет и првиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови услуги:
• Набавка на лиценца за Microsoft 365 Business Standard;
• Изнајмување фотокопирни апарати;
• Набавка на хируршки конци;
• Набавка на услуга за собирање, транспорт и уништување медицински отпад и
• Набавка на натриум хипохлорид во гасна агрегатна состојба.
Во изработката на Индексот на рационалност за овие услуги, вклучени се 46 институции на централно и на локално ниво, кои имале ваков вид набавка во периодот од јануари 2023 до април 2024 година.
Во изработката на индексите, цените на избраните услуги, како и техничките карактеристики на производите се обезбедени преку електронскиот систем за јавни набавки.
Повеќе за истражувањето можете да прочитате на македонски и англиски јазик.
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.
Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.



