Анализата се осврнува на одлуките кои Државната комисија за спречување на корупцијата ги донела по постапувањето во согласност со своите надлежности по предметите во врска со јавните набавки во првата половина од 2020 година. Јавните набавки се посочени како една од приоритетните хоризонтални области во борбата против корупцијата и судирот на интереси.
Според достапните податоци од извештаите на Бирото за јавни набавки и отворените податоци на Електронскиот систем за јавни набавки, во изминатите три години на јавни набавки вкупно се потрошени преку 2,2 милијарди евра што претставува речиси 24 проценти од државниот буџет.
Повеќе за анализата можете да прочитате на следниот линк
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.
Анализата е изработена во рамките на проектот „ Набљудување на успешноста на работата на Државнaта комисија за заштита од корупција “, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.


