Анализа на резултатите од истражувањето на финансиските трансфери од општините до невладините организации во 2016 година

Со ова истражување, за прв пат во Македонија, на едно место се претставени сумарни и поединечни податоци за средствата доделени од општините на невладините организации, листата на добитниците на проектите, како и транспарентноста на целиот процес од објавувањето оглас до реализацијата на проектите.
27.04.20176206

Со ова истражување, за прв пат во Македонија, на едно место се претставени сумарни и поединечни податоци за средствата доделени од општините на невладините организации, листата на добитниците на проектите, како и транспарентноста на целиот процес од објавувањето оглас до реализацијата на проектите. До базата на отворени податоци од истражувањето може да се оди преку следниот линк.

Ова се дел од клучни наоди:

Општините и Градот Скопје во 2016 година исплатиле вкупно 273 милиони денари, односно 4,4 милиони евра од буџетската линија 463 – трансфери до невладини организации, што претставува 80% од планираните средства за оваа намена.

Од 81 единица на локалната самоуправа, 61 имала исплати од буџетската линија 463, додека 20 не исплатиле средства за оваа намена. На врвот на листата според вредноста на исплатите се скопските општини Карпош и Центар со по околу 26 милиони денари, а на дното е Општина Вевчани со само 3 илјади денари.

Општините и Градот Скопје во 2016 година имале вкупно 1.734 трансфери од буџетската линија 463 кон повеќе од 1.600 субјекти. Најголемиот трансфер изнесува 22 милиони денари, а најмалиот 2 илјади денари.

Најголеми трансфери за невладини организации се направени во скопскиот регион, а најмали во општините кои го сочинуваат полошкиот регион.

Спортот како област е убедливо на врвот според добиената поддршка од општините. Во оваа област општините и Градот Скопје доделиле финансиски средства во износ од 185 милиони денари (3 милиони евра), со што спортот учествува со 67% во вкупните трансфери за невладини организации.

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.