Претставници на јавниот и приватниот сектор, надзорни и регулаторни институции, граѓанско општество и медиуми на 15 октомври 2026 во Скопје дискутираа за унапредување на регулативата, институциите, транспарентноста, отчетноста и практиката на доделувањето и спроведувањето на договорите за концесии и за јавно-приватно партнерство во земјава. Посебен придонес во премостувањето на едно од најголемите ограничувања за поголем економски развој на земјата и за натамошно приближување кон ЕУ дадоа говорничките: г-ѓа Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Маре Богева Мицовска, директорка на Бирото за јавни набавки, г-ѓа Росица Шалевиќ Христовска, помошничка на главниот државен ревизор и г-ѓа Адријана Лавчиска, програмска менаџерка во Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан, која финансиски ја поддржува оваа иницијатива, дел од регионалните заложби за поголема соработка на земјите од Западниот Балкан за заеднички цели и интерес, како што се економскиот развој и членството во ЕУ.
Консултативната средба за концесиите и јавно-приватното партнерство – Предизвици, реформи и усогласување со ЕУ
Претставници на јавниот и приватниот сектор, надзорни и регулаторни институции, граѓанско општество и медиуми на 15 октомври 2026 во Скопје дискутираа за унапредување на регулативата, институциите, транспарентноста, отчетноста и практиката на доделувањето и спроведувањето на договорите за концесии и за јавно-приватно партнерство во земјава.
16.10.202617












