За да го обезбедат сопствениот институционален интегритет, институциите треба да постават систем на интегритет. Системот на интегритет подразбира збир од правила и мерки чија основна цел е да се обезбеди институционалниот интегритет, односно кои се поставени за:
» да се минимизира ризикот од појава на корупција;
» да се овозможи поголема ефикасност во одлучувањето и работењето, не занемарувајќи ги, притоа, правилата за спречување на судир на интересите;
» да се минимизира ризикот од непрофесионално однесување, односно од непрофесионални практики (недолична непосредна комуникација со граѓаните, задоцнето одговарање, губење документи и слично);
» да се донесуваат одлуки врз основа на докази и да се зајакне довербата на граѓаните
Документот за политики можете да го прочитате на македонски, албански и англиски јазик.
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.
Документот за политики е изготвен во рамките на проектот „Заштита од корупција“, со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје




