Годишен извештај за јавните набавки за 2009 година

Договорните органи премногу долго вршат евалуација и одлучуваат за избор на најповолна понуда, со што непотребно ја одолговлекуваат целата постапка за јавна набавка.
01.05.20097215

Некои од клучните наоди се:

Недоволна транспарентност и отчетност на државните институции за трошењето на јавните пари преку постапките за јавните набавки. Низ неколку параметри се доаѓа до пода токот дека процентот на институции кои не даваат отчет за јавните набавки достигнува дури 40%.

Висок процент на поништени пос- тапки за јавни набавки. Одлука за поништување на постапката е донесена во 25% од мониторираните постапки. Негативната тенденција на пораст на поништени постапки за јавни набавки ја потврдуваат и податоците од ЕСЈН.

Договорните органи премногу долго вршат евалуација и одлучуваат за избор на најповолна понуда, со што непотребно ја одолговлекуваат целата постапка за јавна набавка. Во мониторираниот примерок, одлуките се донесуваа во временска рамка од 30 до 90 дена.

Договорните органи често користат несоодветни и манипулативни критериуми за избор на најповолна понуда.

Тендерската документација понекогаш се користи како начин за манипулација во постапките за јавни набавки.

Висок износ на банкарската гаранција Во понудата. Во мониторираниот примерок на јавни набавки, банкарска гаранција е побарана во преку 60% од постапките, и тоа е побаран максималниот износ од 3% од вред носта на понудата.

Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.