Прв квартален извештај за јавните набавки во 2010 година

Се избираат несоодветни критериуми за утврдување на способноста на компаниите за учество во постапките за јавни набавки. Воедно се применуваат и критериуми кои се несоодветни и непропорционални со видот и со обемот на набавката и кои можат да влијаат дискриминаторски и да ја намалуваат конкуренцијата.
01.01.20107942

Некои од клучните наоди се:

Се продлабочува проблемот со користење на критериуми за бодување на понудите со кои не се гарантира избор на најповолна понуда, односно рационално и ефикасно трошење на јавните пари. Расте употребата на т.н. манипулативни критериуми, како што се рок на изведбата, рок и начин на плаќањето; се забележува тенденција на доделување голем број бодови за критериумот ,квалитет‘ без да се прецизира како ќе се вреднува тој, а се воведуваат и чудни, и нејасни критериуми за избор на понудите.

Се избираат несоодветни критериуми за утврдување на способноста на компаниите за учество во постапките за јавни набавки. Воедно се применуваат и критериуми кои се несоодветни и непропорционални со видот и со обемот на набавката и кои можат да влијаат дискриминаторски и да ја намалуваат конкуренцијата. Во речиси половина од мониторираните постапки се поставени несоодветни критериуми со кои наместо компанијата, се оценува нејзината понуда.

Висок процент на поништени постапки за јавни набавки (20% од мониторираните постапки). Проблемот со поништувањето на постапки е особено нагласен на локално ниво.

Е-аукција се користи само во 5,5% од постапките за јавни набавки, што е неколкукратно помалку од законскиот праг од 30%. Продолжува практиката на недоволно користење електронски средства за спроведување на постапките за јавни набавки, било за сите фази од постапката за јавна набавка (е-набавка), било само за електронските аукции како последна фаза.

Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.