Активната транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2021 година изнесува 63 % (од максимално можни 100 %) и според градацијата на нивоата на транспарентност, спаѓа во ’добра‘ активна транспарентност. Во однос на 2020 година, активната транспарентност е подобрена за 5 процентни поени (од 58 % на 63 %).
Министерствата и Владата просечно објавуваат 79 % од потребните информации, што е минимално подобрување од лани, кога активната транспарентност на министерствата изнесуваше 77 %.
Петта година по ред, општините имаат помала активна транспарентност од министерствата, која кај нив (општините) изнесува 60 % и во однос на лани е подобрена за 5,5 процентни поени.
За првпат откако се изработува индексот (од 2016 година наваму), дури две институции добија максимални 100 %, односно тие ги објавуваат сите предвидени информации. Станува збор за Министерството за одбрана, кое и лани беше на првото место, и Општина Карпош, која лани беше трета.
Меѓу регионите, втора година по ред на прво место е Источниот Регион (со 74 % активна транспарентност), додека на последно останува Скопскиот Регион (со 49 % активна транспарентност).
Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.
Овој извештај е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.


