Предлози за намалување на корупцијата во јавните набавки и за унапредување на начинот на нивно спроведување

Предлозите се изготвени по длабинското истражување на ризиците од корупција, систематизирани во истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“
31.05.20214956

Предлозите за намалување на корупцијата во јавните набавки и за унапредување на начинот на нивното спроведување се поделени во четири сегменти, и тоа предлози за зајакнување на интегритетот во јавните набавки, предлози за подобрување на процесот на спроведување на јавните набавки, предлози за зголемување на транспарентноста на јавните набавки и предлози во насока на идентификување и санкционирање на корупцијата во јавните набавки.

Во насока на зголемување на интегритетот на јавните набавки дадени се следните предлози:

Јавните претпријатија и акционерските друштва основани од Владата и од единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) да изготвуваат планови за интегритет со идентификување, анализа и приоретизирање на ризиците од корупција во јавните набавки, со примена на индикатори за мерење на ризиците и со дефинирање мерки за намалување на ризиците од корупција.

Изработка и примена на јасни интерни политики (процедури, правила или упатства) за начинот на постапување на вработените службеници и надворешните соработници во сите фази од процесот на јавните набавки, во коишто ќе биде вклучен и начинот на постапување во случаи на пријавување на корупција во јавните набавки.

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на македонски, албански и англиски јазик.

           

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Предлозите се изготвени во рамките на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје.