Петнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги:
- индустриска сол (рефус и пакувана во вреќи),
- клима-уреди,
- хартија за печатење и фотокопирање,
- масло за горење – екстра лесно ЕЛ 1 и
- РТГ – филмови за рендген-снимки.
Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво што имале ваков видна набавки во 2015 и во 2016 година.
Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 95 институции коишто за набавките на овие стоки и услуги спровеле 101 тендер.
Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик.
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.
Овој извештај е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.



