Истражување на фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки во 2016 год.

Истражувањето кај фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки беше спроведено во периодот ноември-декември 2016 година. Во истражувањето учествуваа 230 фирми од сите поголеми градови во земјата.
20.01.20177383

Истражувањето кај фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки беше спроведено во периодот ноември-декември 2016 година. Во истражувањето учествуваа 230 фирми од сите поголеми градови во земјата. Истражувањето беше спроведено преку анкетирање (лично и по електронски пат), врз основа на претходно изработен структуриран прашалник којшто содржеше вкупно 17 прашања.

Прашањата беа структурирани во неколку групи за да се добијат мислењата на фирмите за најчестите проблеми со коишто се соочуваат при учеството на јавните набавки, нивните размислувања за е-аукцијата, за жалбената постапка, за корупцијата и за другите предизвици присутни во јавните набавки. Прашалникот овозможуваше и простор за интервјуираните претставници на фирмите самите да ги посочат проблемите со коишто се соочуваат и да предложат мерки за подобрување на системот за јавни набавки.

Ова истражување е седмо редовно истражување кај фирмите за јавните набавки коешто Центарот за граѓански комуникации го спроведува во рамките на мониторингот на јавните набавки од 2009 година наваму.

Проблем број 1 во јавните набавки со којшто се соочуваат речиси половина од анкетираните фирми (47,8%) е најниската цена како единствен критериум за доделувањето договор за јавна набавка. Многу блиску, како проблем број два за фирмите при нивното учество во јавните набавки (41,7%), е проблемот со премногу документи што се бараат за учество на тендерите, а за коишто се потребни време и пари за да се извадат.

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

   

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.