Зголемена е вредноста на договорите склучени низ нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Вкупната вредност на овие договори во 2021 година изнесува 46 милиони евра, што е за 16 милиони евра повеќе од 2020 година. Дури 80 % од вредноста на склучените договори без објавување оглас им припаѓаат на АД Електрани, Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование и наука.
Институциите не ја почитуваат законската обврска за јавно објавување на известувањата за реализираните договори. Заклучно со мај 2022 година, доставени се известувања само за една третина од склучените договори. Од нив може да се констатира дека во секој четврти реализиран договор институцијата не го подмирила својот долг кон фирмата.
Институциите не се откажуваат од електронската аукција, и покрај сите предупредувања дека со неа се поттикнуваат договарањето помеѓу фирмите и корупцијата. Во текот на 2021 година, електронската аукција била спроведена во дури 89 % од тендерите.
Извештајот можете да го прочитате на македонски и англиски јазик
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.
Годишната програма на Центарот за граѓански комуникации е поддржана од програмата Цивика Мобилитас, која е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска).



