Извештај во сенка за јавните набавки во Северна Македонија 2021 година

Редовен годишен извештај во сенка за состојбите во јавните набавки во Северна Македонија кој дава осврт на позначајните аспекти и пробеми при спроведувањето на набавките, како и препораки за унапредување.
27.11.20212236

Истражувањето можете да го прочитате на македонски и англиски јазик.

Јавните набавки во Северна Македонија се спроведуваат врз основа на релативно новиот Закон за јавните набавки, којшто почна да се применува од април 2019 година, а беше донесен заради усогласување со постојните Директиви на ЕУ за јавните набавки и за да одговори на бројните слабости за претходното законско решение.

Имајќи ги предвид предностите што ги носи новата регулатива, од една страна, и начинот на којшто институциите ги спроведуваат јавните набавки, од друга страна, може да се констатира дека сè уште се потребни време, знаење и добра пракса за да се почувствуваат позначајни ефекти од примената на новиот закон.

     

Оваа публикација е изработена со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот „Балкан Тендер Воч“.