Извештај во сенка за состојбите, проблемите и идните предизвици во спроведувањето на тендерите

Состојбата со јавните набавки во Македонија во 2018 година се наоѓа меѓу сè уште важечкиот „стар“ и многу критикуван Закон за јавните набавки и изработениот „нов“ закон, којшто би требало да ги „поправи“ работите, но сe уште чека на усвојување.
25.12.20184914

Состојбата со јавните набавки во Македонија во 2018 година се наоѓа меѓу сè уште важечкиот „стар“ и многу критикуван Закон за јавните набавки и изработениот „нов“ закон, којшто би требало да ги „поправи“ работите, но сe уште чека на усвојување во Собранието на РМ.

Најкритикуваната македонска специфичност – фамозниот Совет за јавните набавки, којшто даваше претходна согласност за сите набавки за кои не можеше да се докаже дека на пазарот постои барем минимум конкуренција, беше укинат во ноември 2017 година, како реакција на бројните критики кои доаѓаа од сите страни. Но, со тоа се намали само дел од проблемите во набавките. Останаа на сила сите други спорни одредби кои постоеја и пред воведувањето на Советот, којшто всушност само ги докомплицира работите.

Сегашната верзија на Законот за јавните набавки не е усогласена со Директивите на ЕУ од 2014 година во многу делови и иако од ЕУ го констатираа ова во неколку последователни годишни извештаи и, соодветно, бараа итни промени во таа насока, тоа не се случи. Претходната власт беше глува на критиките, а новата (од јуни 2017 година) се обиде да ги амортизира со тоа што пристапи кон изработка на целосно нов закон. Но, законот не е уште донесен, со што се овозможува јавните набавки и натаму да се спроведуваат според регулативата која беше предмет на остри критики не само од Брисел, туку и од сите внатрешни чинители на процесот – самите договорни органи, фирмите, стопанските комори, граѓанските организации, регулаторните и контролните институции итн.

Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

     

Оваа публикација е изработена со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот „Балкан Тендер Воч“.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.