Јавен надзор над јавните набавки: Неправилности и отстапувања во три големи јавни набавки (Издание бр.1)

Анализирани се конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна.
19.03.2026

Во истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (Издание бр.1) анализирани се конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна. Опфатени се следните три тендери:

1. Тендер за корисниците на народни кујни во Скопје: За 1,5 милиони евра, храната се дели на улица и не секогаш според договореното;

2. Тендер без крај: Реконструкцијата на поранешниот објект на Комерцијална банка со 51 анекс-договор и со вредност зголемена за 32 % и

3. Тендер за експерти за коридорите 8 и 10-д: ЈП за државни патишта ќе плаќа за 13 експерти исто колку за 92 вработени.

Истражувањето може да го преземете на македонски, албански и англиски јазик

   

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Јавен надзор над јавните набавки” со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.