Мониторинг на известување на медиумите за теми од поширок општествен интерес

Основна цел на мониторингот беше да обезбеди доволно, квалитетни и релевантни информации за анализа на начинот на кој медиумите во Македонија известуваат за прашањата од поширок општествен интерес детектирани на заедничка дебата меѓу претставници на невладините организации и новинарите.
15.05.20156692

Медиумите се еден од најзначајните општествени двигатели од кои граѓаните се информираат за прашањата од јавен интерес. Оттука, обврска на медиумите е да овозможат граѓаните да ги добијат сите информации што им се неопходни за да заземат став за одредени прашања од јавен интерес. Во оваа смисла, снабдувајќи ги граѓаните со релевантни и објективни информации, медиумите влијаат врз подигањето на општото ниво на разбирање на јавните политики, овозможувајќи простор за јавна дебата за тие политики меѓу сите општествени чинители. Од друга страна, преку својата улога на чувари на јавниот интерес, медиумите настапувајќи во името на граѓаните отвораат расправа за одредени проблеми во општеството и вршат притисок врз властите и врз другите центри на моќ за одговори за тие проблеми.

За да можат медиумите да ја играат успешно оваа своја општествена улога потребна е соодветна поволна околина за тоа, воспоставување и почитување соодветни етички и професионални стандарди, но и соработка со другите општествени фактори кои делуваат слично и застапуваат слични интереси. Во оваа смисла пред сè станува збор за соработката со невладините организации како многу значаен чинител во граѓанското општество кој главно делува кон унапредување на јавните политики и овозможување поширок пристап на граѓаните до разните сфери на одлучување во општеството.

Имајќи го ова предвид, Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор како дел од Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија спроведе истражување на начинот на кои медиумите известуваат за прашањата од поширок општествен интерес и за соработката меѓу медиумите и невладините организации при тоа известување.

Основна цел на мониторингот беше да обезбеди доволно, квалитетни и релевантни информации за анализа на начинот на кој медиумите во Македонија известуваат за прашањата од поширок општествен интерес детектирани на заедничка дебата меѓу претставници на невладините организации и новинарите.

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој извештај е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор, Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија.