Прирачник за фирми за учество во јавните набавки 2014

Овој Прирачник треба да им помогне на економските оператори од практичен аспект на подобар и побрз начин да го совладаат начинот на подготвувањето на понудата и да станат понудувачи, а со тоа и потенцијални носители на набавка.
18.05.20158490

Покрај постоењето на Законот за јавни набавки и подзаконските акти, учесниците во процесот на спроведувањето на постапките често наидуваат на значајни тешкотии во нивната практична примена, а со нив особено се соочуваат учесниците-понудувачи при подготвувањето на својата понуда. Одредбите од Законот се толкуваат различно, па следствено на тоа, и различно се применуваат.

Овој Прирачник треба да им помогне на економските оператори од практичен аспект на подобар и побрз начин да го совладаат начинот на подготвувањето на понудата и да станат понудувачи, а со тоа и потенцијални носители на набавката, односно да им биде доделен договорот за јавната набавка, како и да се знае улогата на странката во целокупниот овој систем и нејзината можност да влијае како врз остварувањето на својот правен, така и врз остварувањето на својот комерцијален интерес.

Прирачников треба да се применува како материјал за обука и средство за интензивно зајакнување на знаењето за јавните набавки, гледано од аспект на фирмите.

Доколку вашата фирма е заинтересирана да продава стоки, услуги или работи на јавниот сектор во Република Македонија, неопходно е да има сознание за тоа како да се вклучи во постапките за јавни набавки, како да ја подготви понудата, кои барања и услови се неопходни да ги исполни за да го добие договорот за јавната набавка. Продавањето стоки, услуги или работи на јавниот сектор на правните субјекти може да им овозможи голем пазарен потенцијал наспроти ризиците и немањето гаранција за позитивен краен исход (добивање на тендерот).

Повеќе за прирачникот можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој прирачник е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки.