Недела на партнерство за отворена власт

Tелевизиска дебата на тема „Отворено владеење во пракса: партнерство, учество и доверба“
22.05.202621

Во рамки на Неделата на отворена власт 2026 година се одржа дебата за партнерството меѓу институциите и граѓанскиот сектор, учеството на граѓаните во процесите на креирање политики, градењето доверба, научените лекции и идните приоритети за унапредување на отвореното и инклузивно владеење, на која учествуваа:

  • Гордана Гапиќ-Димитровска, државен советник во Министерството за јавна администрација и Национален координатор за Партнерство за отворена власт
  • Герман Филков, претседател на Центарот за граѓански комуникации и ко-претседавач со Советот за Партнерство за отворена власт
  • Данче Даниловска-Бајдевска, програмски директор во Фондацијата Метаморфозис и координатор на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт и
  • Златко Атанасов, раководител на Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија