Предлози на ЦГК за измени и дополнувања на Законот за јавните набавки

Годишно, државните институции трошат повеќе од 45 милијарди денари или скоро 750 милиони евра за набавка на стоки, услуги и работи кои ги обезбедуваат преку постапките за јавни набавки, што е дури 35% од вкупниот буџет на земјата.
12.05.20124165

Јавните набавки стануваат сè пoважни вo Република Македонија бидејќи учествуваат со дури 12% во вкупното домашно производство на стоки и услуги (БДП) со тенденција на постојан пораст од година во година – и според бројот на набавките и според нивната вредност. Годишно, државните институции трошат повеќе од 45 милијарди денари или скоро 750 милиони евра за набавка на стоки, услуги и работи кои ги обезбедуваат преку постапките за јавни набавки, што е дури 35% од вкупниот буџет на земјата. Бројкиве зборуваат довплно за важноста на јавните набавки не само за нормално функционирање на државата, туку уште повеќе за вкупната економија на земјата.

Државните институции, односно луѓето вработени во нив, преку јавните набавки, всушност, ги трошат парите што граѓаните и фирмите ги даваат преку даноците за нормално функционирање на државата. Затоа, една од главните препораки на светско ниво е при трошњето на парите на граѓаните и фирмите, односно на јавните пари – државните службеници да се однесуваат како да трпшат свои лични пари. Со други зборови, едно од основните начела на јавните набавки е државните институции преку нив да го обезбедуваат најдобриот можен квалитет за потрошените пари. Не се очекува да се купат најквалитетните производи, ниту пак најскапите. Треба да се настојува да се добие најдобрата вредност за потрошените пари.

Прочитајте повеќе на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Предлозите се изработени со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.