Прирачник за новинари за истражување и известување за јавните набавки

Имено, граѓаните, само преку медиумите, односно преку истражувањата и анализите на новинарите, можат да дознаат дали властите рационално ги трошат парите. Нормално, за ова е потребно медиумите да имаат пристап до вистинските информации за активностите на властите и да сакаат и да можат да ги објават тие информации.
12.05.20128830

Отчетноста, како уште еден од главните принципи на јавните набавки, не треба да биде само кон фирмите учеснички на постапките за јавни набавки, туку пред сè кон граѓаните, односно кон нивните претставници во општеството – медиумите и невладините организации. Оттука, медиумите заедно со невладиниот сектор, односно со т.н. граѓанско општество, треба да играат и клучна улога во следењето на трошењето на јавните пари и при откривањето на незаконско работење.

Имено, граѓаните, само преку медиумите, односно преку истражувањата и анализите на новинарите, можат да дознаат дали властите рационално ги трошат парите. Нормално, за ова е потребно медиумите да имаат пристап до вистинските информации за активностите на властите и да сакаат и да можат да ги објават тие информации.

Но, за да можат медиумите да ја играат оваа своја улога, новинарите треба да имаат и одредени познавања за проблематиката на јавните набавки. Станува збор за посложена област и за да може да се следат, да се истражуваат и да се известува за јавните набавки, треба да се знаат начинот и постапките во нивното спроведување.

Повеќе за прирачникот можете да прочитате на македонски и албански јазик

     

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.