Дел од препораките се:
Во Законот за јавните набавки (ЗЈН) да се вградат прекршочни одредби, каква што е практиката во повеќето држави од регионот и пошироко – Да се воведат правни механизми, пред се санкции, кои би се изрекувале против ДО кои не ги почитуваат обврските што произлегуваат од ЗЈН (на пример за објавување на известување за склучен договор за јавна набавка). Санкциите може да ги опфатат и органите кои во текот на контролата на постапката не соработуваат меѓусебно, односно не ги доставуваат бараните информации и не постапуваат во согласност со своите надлежности во одреден рок.
Во ЗЈН да се изврши попрецизно дефинирање на условите под кои може да се поништи постапката и да се воведе обврска за објаснување и аргументирање на неприфатливоста на понудите – Треба да се стесни широко поставената законска рамка за поништување на постапката за јавна набавка. За да се зголеми процентот на успешни постапки за јавни набавки треба да се размисли и за воведување на контроли на основаноста при поништување на постапките и санкции за членовите на комисиите ако се утврдат субјективни пропусти.
Повеќе за препораките можете да прочитате на следниот линк

