Прирачник за договорни органи за јавни набавки

Од стапувањето во сила на Законот за јавните набавки истиот е изменет и дополнет во неколку наврати. Сепак измените и дополнувањата кои беа извршени во декември 2011 година, се досега најобемни и со истите освен што се изврши корекција и подобрување на постојните законски одредби, се воведоа и нови инструменти кои се во функција на подобрување на квалитетот на постапките за доделување на договори за јавни набавки.
28.09.20137667

Актуелниот Закон за јавните набавки е донесен од страна на Собранието на Република Македонија во ноември 2007 година („Службен весник на Република Македонија“, број 136/07), а истиот почна да се применува од 1 јануари 2008 година. Со оглед на тоа дека областа на јавните набавки е доста динамична и подлежи на промени и во самата ЕУ, Република Македонија во континуитет се усогласува со правото на Унијата, а воедно и ги промовира добрите меѓународни практики.

Од стапувањето во сила на Законот за јавните набавки истиот е изменет и дополнет во неколку наврати. Сепак измените и дополнувањата кои беа извршени во декември 2011 година, се досега најобемни и со истите освен што се изврши корекција и подобрување на постојните законски одредби, се воведоа и нови инструменти кои се во функција на подобрување на квалитетот на постапките за доделување на договори за јавни набавки.

Повеќе за прирачникот за договорни органи можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој прирачник е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки.