Работилница со антикорупциски граѓански организации за користење на податоците за вистински сопственици во борбата против корупцијата

21.11.2025107

Во Куманово се одржа работилница за антикорупциски граѓански организации на која заедно со претставниците на Бирото за јавни набавки и на Државната комисија за спречување на корупцијата ги претставивме можностите за користење на податоците од Регистарот на вистински сопственици и од другите достапни бази и регистри – за јавни набавки, за имотна состојба и интереси и сл. – во насока на откривање и спречување на злоупотреби и корупција.