Аргумент плус: Јавните набавки во здравствениот сектор од 2015 до 2024 година

13.11.2025304

Во гостувањето во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24, Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации предупреди на сериозните корупциски ризици во јавните набавки во здравствениот сектор, посочувајќи дека недостатокот на конкуренција во тендерските постапки отвора простор за злоупотреби и неефикасно трошење на јавните средства.

Факиќ истакна дека значителниот раст на вредноста на јавните набавки во здравството е проследен со сè помал број понудувачи на тендерите. Според анализите, речиси половина од вкупната вредност на договорите се склучува во постапки во кои учествувал само еден понудувач, што на годишно ниво изнесува околу 150 милиони евра.

Линк до емисијата