Транспарентност, отчетност и интегритет на институциите во јавните набавки – 2017 година

Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведување на јавните набавки.
13.04.20188273

Зависно од нивото на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки, институциите се рангирани во едно од следниве пет нивоа: ’оскудно‘ (0-20%), ’минимално‘ (20-40%), ’ограничено‘ (40-60%), ’солидно‘ (60-80%) и ’високо‘ (80-100%) ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки.

Сите анализирани 21 институција (министерствата, владините секретаријати и Собранието на РМ ) се наоѓаат во трите средни нивоа на рангирање (од можни пет) и исполнуваат од 34% до 65% од критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки. Нема ниту една институција во најдоброто, ’високо‘ ниво, ниту во најслабото, ’оскудно‘ ниво. Најмногу институции се рангирани во ’ограниченото‘ ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки, со исполнување на критериумите меѓу 40% и 60%.

Четирите најниско рангирани институции (министерствата за внатрешни работи, за здравство, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за образование и наука) трошат 75% од вкупните средства што ги потрошиле опфатените институции за јавни набавки. Спротивно на нив, седумте највисоко рангирани институции (министерствата за правда, за култура, за информатичко општество и администрација и за животна средина и просторно планирање, Собранието на РМ, како и секретаријатите за европски прашања и за спроведување на рамковниот договор) трошат само 5% од вкупните средства за јавни набавки.

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Истражувањето е изработено во рамките на проектот „ Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“, со финансиска поддршка од Европската Унија.