Водич за невладини организации за борба против корупцијата

Само малку граѓански организации од земјава се запознаени со проблемот на корупцијата и доброто владеење – се констатира уште во 2007 година, во Националната програма за превенција и репресија на корупцијата. За жал, оваа состојба важи и денес.
13.05.20127293

Само малку граѓански организации од земјава се запознаени со проблемот на корупцијата и доброто владеење – се констатира уште во 2007 година, во Националната програма за превенција и репресија на корупцијата. За жал, оваа состојба важи и денес. Граѓанскиот сектор ја избегнува својата обврска, но и одговорност да ги поврзе проблемите во секторите во кои работи со корупцијата. Имено, граѓанските организации не вклучуваат антикорупциски елементи како дел од своите активности во областите на делување: здравство, образование, заштита за животна средина, родова еднаквост, човекови права…

Немајќи доволно капацитети, ниту волја, се чини дека граѓанските организации имаат сè помалку интерес да се справат со еден од клучните приоритети не само за европската интеграција на земјата, туку и за подобрување на животот воопшто – борбата против корупцијата. Ваквата ситуација е неприфатлива, имајќи предвид дека граѓанските организации треба да бидат главната движечка сила за зголемување на транспарентноста на институциите и за намалување на корупцијата.

Повеќе за прирачникот можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој прирачник е изготвен со финансиска поддршка на Европската Унија.