Големи и мали – јавни набавки на локално ниво

Анализа на односот на општините кон јавните набавки: Практики и препораки за подобрување
13.05.20126559

Општ впечаток од истражувањето на односот на општините кон јавните набавки е дека главниот збор околу набавките го имаат градоначалниците и тоа во секоја смисла. Од тоа на кои фирми ќе се испратат барањата за доставување на понуди, преку утврдувањето на критериумите за избор кај отворените постапки, сè до влијание врз организациската поставеност на спроведувањето на јавните набавки и општиот однос на секоја одделна општина кон нив. Поради тоа, луѓето задолжени за спроведување на јавните набавки по општините се само извршители на одлуките кои главно ги носат градоначалниците и раководителите на секторите или одделенијата на кои како надлежност им е доделено спроведувањето на јавните набавки.

Еден од главните заклучоци од истражувањето е дека речиси да нема две општини каде јавните набавки се спроведуваат на ист начин, со ист третман и со исто толкување на одредбите од законот. Почнувајќи од организациските решенија, до составот на комисиите, до изборот на критериумите, педантноста и ажурноста во евиденцијата на набавките, пристапот кон планот за јавни набавки, обидите за што поголема конкурентност, техничката и кадровска опременост за спроведување јавни набавки, итн. Оттука, се наметнува потребата од изнаоѓање начини за какво такво унифицирање на барем на организациско-административните аспекти на јавните набавки по општините, со што тие нема во толкава мера да зависат од индивидуалната волја на поединци.

Повеќе за анализата можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

         

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Ова анализа на учинокот на општините во јавните набавки се изработени со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.