За новогодишно украсување општините потрошиле 785 илјади евра, 78% од вредноста е концентрирана кај една фирма

14/01/202680

Според истражувањето вкупната вредност на веќе склучените и објавени договори за украсување за новата 2026 година изнесува 48.297.986 денари, односно 785.333 евра. Тендери за новогодишно украсување имале 36 општини. Најмногу пари потрошила Општина Штип, 81 илјада евра. Градот Скопје и пет други скопски општини заедно потрошиле 185 илјади евра – сите со една иста фирма. На 81 % од тендерите за украсување немало конкуренција, односно учествувала само по една фирма. Една иста фирма, Линк Медиа Плус, добила 78 % од вредноста на сите тендери за украсување во земјава. 94 % од договорите за јавна набавка за украсување се склучени во декември, на нецели две недели од новата година