Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост 2020 година

Транспарентноста и отчетноста на претпријатијата во сопственост на централната и на локалната власт се во пораст. 30-те најголеми претпријатија во 2020 година објавиле 41 % од информациите, извештаите и документите што треба да ги објават на своите веб-страници.
09.12.20205063

Ова се дел од клучните наоди :

  • Транспарентноста и отчетноста на претпријатијата во сопственост на централната и на локалната власт се во пораст. 30-те најголеми претпријатија во 2020 година објавиле 41 % од информациите, извештаите и документите што треба да ги објават на своите веб-страници. За споредба, во 2018 година претпријатијата објавуваа 28 % од релевантните информации и документи. На овој начин транспарентноста на претпријатијата, од минимално, премина на ограничено ниво.
  • Во последните две години, поголем напредок во транспарентноста имаат претпријатијата основани од единиците на локална самоуправа отколку претпријатијата основани од Владата. Општинските јавни претпријатија имаат просечен раст на транспарентноста од 27 % во 2018 година на 43 % исполнување на стандардите во 2020 година. Претпријатијата на Владата, пак, имаат раст од 31 % на 39 %. Ова ја доведува во прашање доследноста на примената на Стратегијата за транспарентност на Владата на РСМ (2019 – 2021 год.).
  • Најголемо подобрување е направено во однос на објавувањето на резултатите од работењето, а најмало во однос на олеснувањето на пристапот до информации од јавен карактер
  • Како последица на необјавување на законски задолжителните извештаи за финансиското работење, исполнети се услови за разрешување на 15 директори на јавни претпријатија. Законот за јавни претпријатија (член 24-а) предвидува разрешување на директорот на претпријатието за ненавремено објавување на веб-страницата на јавното претпријатие на тримесечните извештаи коишто содржат показатели за финансиското работење за тековната година, како и на годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие за претходната гoдина. Во 2018 година бројот на претпријатија во кои не се почитуваше оваа законска обврска изнесуваше 18, но нема информации за преземени санкции од страна на основачите.

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

       

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот “, со финансиска поддршка од Европската Унија.