Бриф за јавни политики за подобрување на правната заштита во јавните набавки

Правната заштита во јавните набавки треба да им овозможи на оштетените понудувачи брзо, ефикасно, транспарентно и недискриминаторско преиспитување на постапката и соодветни правни лекови.
18.05.20155863

Анализата на состојбите во јавните набавки ја наметнува потребата од преиспитување на ефикасноста на правната заштита во Македонија во услови кога бројот на жалби е во постојано опаѓање наспроти галопирачкиот раст на бројот на тендери.

Значењето на прашањето за ефикасност на системот на правна заштита произлегува од фактот дека јавните набавки во земјава учествуваат со дури 12% во бруто домашниот производ. Годишно, државните институции трошат повеќе од 900 милиони евра за набавка на стоки, услуги и работи кои ги обезбедуваат преку постапките за јавни набавки, што е дури 35% од вкупниот буџет на земјата. Ова доволно говори за важноста на јавните набавки не само за нормално функционирање на државата, туку и за вкупната економија на земјата.

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој документ е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.